Марешки: Патот пред Северна Македонија е обединување со Бугарија

од Vladimir Zorba
453 прегледи

Лидерот на Движењето ВОЛЈА и заменик претседателот на бугарското собрание, Веселин Марешки ја изрази тезата дека е крајно време Бугарија и Северна Македонија да бидат „повторно заедно“.

„На сите им е јасно дека нема да им дадеме зелено светло за ЕУ, додека одредени кругови таму работат против Бугарија и им служат на старите тези. Времето на Тито и Сталин одамна е минато, за да им овозможи на нивните политики да живеат во 21 век. Во исто време, тие се штетни за Бугарите од двете страни на границата. Треба да се стави крај на ова лудило. Ние сме еден арод со заедничко минато. Ако гледаме само на интересите на нашите граѓани, обединувањето е логичен пат. На овој начин, сите шпекулации со историјата ќе бидат прекинати и тие нема да бидат препреки во иднина. И нашите браќа автоматски ќе станат европски граѓани. Убеден сум дека има мудри луѓе во двете земји кои разговараат за оваа опција, колку и да изгледа изненадувачки во оваа фаза“, рече Марешки.

Според него, чинот на обединување би бил историски пример за „далекувидост и разум на Балканот“.

Слични содржини