Мареска го загуби трпението, Мудрик го менува тимот, но останува во Лондон?!

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Украинската фудбалска ѕвезда Михаил Мудрик направи неверојатно скап трансфер од Шахтјор во Челси, платен е 70 милиони евра, но откако го облече дресот на англискиот клуб не покажа ништо од својот величенствен потенцијал и станува голем проблем за тимот.

Мудрик постојано и од сезона во сезона не успева да се наметне на ниту еден менаџер на Челси, па исклучок не беше направен во случајот со Енцо Мареска, кој го препороди овој тим.

Иако Италијанецот му дава одредена шанса, јасно е дека не се сфаќа сериозно и дека веќе му се подготвува позајмица овој јануари, откако Мадуеке и Педро Нето апсолутно станаа први опции на крилните позиции.

Украинецот сака минутажа и првотимски статус, а со оглед на неговата форма и моменталната самодоверба се појави клуб кој е идеален да ја освежи неговата кариера.

Англиските медиуми пренесуваат дека по новогодишните празници, Кристал Палас ќе се обиде да го позајми Мудрик до крајот на сезоната.

Челси наводно нема да прави проблем со оваа работа, бидејќи се уште не се откажале од Украинецот, па преселбата во Палас би претставувала единствена можност да се докаже во Премиер лигата и да ја преземе улогата на лидер на клуб кој игра слабо оваа сезона и е во зоната за испаѓање по 11 кола. Кристал Палас е на 18-та позиција со освоени само седум бодови.

Мудрик оваа сезона постигна два гола и пет асистенции во сите натпреварувања.

Слични содржини