Мареска му се закани на Стерлинг и на останатите непотребни

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, јасно стави до знаење дека Рахим Стерлинг нема да запише ниту една минута оваа сезона доколку реши да остане на „Стемфорд Бриџ“ по затворањето на преодниот рок. 29-годишниот крилен напаѓач беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, Кристал Палас и Астон Вила, но се чини дека не е блиску до трансфер, а прозорецот ќе се затвори утре вечер.

Челси се обидува да најде клубови за вкупно 12 играчи кои моментално не тренираат со првиот тим и не се дел од плановите на Мареска.

„Рахим е фантастично момче. Тој тренира многу добро. Сепак, секој менаџер има различни идеи. Што се однесува до крилата, тој не е „врвот“ што мене ми се допаѓа. Тоа воопшто не значи дека тој не е добар играч. Мислам дека неговата историја и статистика зборуваат сами за себе. Мој совет? Тој точно знае што да прави. Нему не му треба мојот совет. Претпочитам секогаш да бидам искрен со играчите. Така беше и со Рахим. Оние играчи кои досега не учествувале на нашите натпревари нема да добијат минутажа доколку останат. Не знам што ќе се случи кога ќе се затвори прозорецот. Ќе видиме кој ќе остане, а кој ќе оди. Единствено што можам да кажам е дека минутажа ќе добијат само оние кои мислам дека можат да ни помогнат“, изјави Мареска.

Слични содржини