Мареска: Овој трофеј ќе нè направи подобри, тоа е само почеток

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, изјави дека освојувањето на Конференциската лига е само почетна точка на патувањето на Лондончани кон враќањето во славните денови.

„Се надевам дека ова ќе биде почетна точка во градењето на нашиот победнички менталитет. Ова се случува со освојување натпревари и трофеи. Овој трофеј сигурно ќе нè направи подобри. Но, исто така сум многу задоволен од патот што го поминавме во Премиер лигата. За мене, ова е најсилното првенство во светот. Таму мора да бидете доследни во сите 38 кола. Овие играчи го покажаа токму тоа.

Она што го постигнавме со најмладиот состав во историјата на Премиер лигата е неверојатно. Многу пати сум рекол дека не е помалку важно за нас да се обидеме да ја освоиме Конференциската лига. Во текот на сезоната, луѓето коментираа за Лигата на шампионите и Лигата на Европа, но ние не бевме таму. Затоа мораше да ја освоиме ЛК. Сега кога сме во Лигата на шампионите, ќе видиме што ќе се случи“, рече Мареска.

Слични содржини