Менаџерот на Челси, Енцо Мареска е амбициозен да продолжи со трансфери во лондонскиот фудбалски клуб. Многумина ја критикуваат трансфер политиката на „сините“, кои веќе имаат состав од 45 играчи. Некои од нив беа испратени на позајмица во други тимови.
„Доколку имаме можност, ќе доведеме напаѓач. Се зависи од условите. Не сакаме да земаме играчи колку да купиме, само ни треба долга клупа за да бидеме конкурентни во Премиер лигата”. изјави Мареска за Sky Sports.
Тој е во дијалог со сите расположливи играчи во ротацијата на „сините“, потврдувајќи дека ќе има и играчи кои ќе бидат продадени пред затворањето на летниот преоден рок.
„Разговарам со сите момци. Дури и со оние кои не планирам да ги користам. Се трудам да ја договорам најдобрата можна ситуација за сите“, изјави стручњакот.