Мареска: Правилата ги попречуваат клубовите во Англија

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска изјави дека клубовите од англиската Премиер лига мораат да продаваат играчи од нивните академии поради правилата на лигата. Лондончани продадоа голем број млади играчи кои поминаа низ академијата на клубот во текот на изминатите неколку години, а играчот од средниот ред Конор Галагер е предводник во оваа смисла, кој се поврзува со заминување во шпански Атлетико Мадрид.

Галагер, кој е во Челзи од осумгодишна возраст, има договор до 2025 година, по што може да го напушти клубот како слободен играч.

Бидејќи продажбата на играчи развиени во академиите може да се означи како нето добивка за клубот, некои тимови од Премиер лигата гледаат на домашните играчи како извор на приход за да помогнат во ограничувањето на загубите.

„Но, ова не е само проблем на Челси. Тоа е проблем на правилата на Премиер лигата“, рече Енцо Мареска во Северна Каролина (САД), каде што тимот го одржува својот претсезонски камп и има контролна против Реал Мадрид.

„Тоа се правилата. Тоа е речиси задолжително за сите клубови во моментов, бидејќи тие се принудени да продаваат играчи од академијата поради правилата. Не сме само ние, туку сите клубови“, додаде Мареска.

Слични содржини