34
Тренерот на Челси, Енцо Мареска го даде својот редовен брифинг пред натпреварот за „сините“ во Премиер лигата.
Лондончани имаат пресметка со Евертон и италијанскиот стручњак потврди дека Рис Џејмс постепено се враќа на тренинзите со првиот тим, но веројатно ќе поминат неколку недели додека да го видиме повторно на терен.
„Беноа Бадијашиле и Весли Фофана нема да играат повеќе оваа година, додека Ромео Лавија има мал проблем и ќе биде последното прашање за пресметката. Играчот од средниот ред Карни Чуквуемека и дефанзивецот Бен Чилвел најверојатно ќе го напуштат клубот во јануари, и двајцата сакаат повеќе време за игра“, изјави Мареска.