Фудбалерот на Лестер, Ријад Марез жали за однесувањето по пропаднатиот трансфер во Манчестер Сити.
Алжирскиот репрезентативец одби да тренира со соиграчите за повеќе од една недела, откако кон крајот на јануари клубот го одби предлогот на „граѓаните“ за трансфер.
„Жалам што работите излегоа така и 10 дена не тренирав. Трансфер во Манчестер Сити е добар за секој фудбалер. Навистина жалам што работите се случија така, но ми требаше време да размислам“, рече Марез.
„Не велам дека во текот на летото ќе си заминам, бидејќи има уште многу време дотогаш. Во моментов сум играч на Лестер, сè тука е убаво и сум фокусиран целосно врз преостанатиот дел од сезоната“, додаде уште Алжирскиот репрезентативец.
Марез стана херој за тимот во последното коло во Премиер лигата, кога со гол од слободен удар во дополнителното време на натпреварот донесе реми 1: 1 со Борнемут.