365
Крилото на Лестер, Ријад Марез ќе стави крај на неговиот бојкот и ќе продолжи со тренинзи денес со тимот. Алжирецот одби да ги исполни своите должности откако клубот не се согласи да го продаде во Манчестер Сити на самиот крај на зимскиот трансфер прозорец. Утре, „лисиците“ играат токму против лидерот на Премиер Лигата.
Вчера менаџерот на Лестер, Клод Пјуел, рече дека Марез го пропушта дуелот на „Етихад“, но денешниот развој може да ги промени плановите на специјалистот.
Марез за последен пат играше при победата од 2-0 над Ватфорд на 20 јануари. Според информациите од Обединетото Кралство, тој бил казнет со парична казна од две недели поради неизвршување на неговите должности.