Марез во депресија по неуспешниот трансфер во Сити

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Ѕвездата на Лестер, Ријад Марез, беше исклучително разочаран од фактот дека не успеа да направи трансфер во Манчестер Сити. „Граѓаните“ направија неколку обиди за привлекување на алжирецот, но „лисиците“ категорично одбија да се разделат со него.

Близок до Марез откри за Скај Спорт дека играчот буквално паднал во депресија и немал желба да игра.

Синоќа тој не беше во составот на Лестер при поразот од Евертон со 1:2.

Се очекува дека маките на Марез ќе завршат во лето, кога тој сигурно ќе го напушти „Кинг Пауер“ стадионот.

Слични содржини