Марго Роби никогаш не го гледала серијалот филмови „Војна на ѕвездите“ (Star Wars), објави „Дејли
мејл“.

„Никогаш не сум гледала „Војна на ѕвездите“… ниту еден филм од серијалот“, се смееше актерката
за време на интервјуто во кое таа учествуваше заедно со нејзините колеги од „Once Upon a Time in
Hollywood“, Бред Пит и Леонардо ди Каприо.
Марго Роби специјално си наметнала да не го гледа СФ серијалот на Џорџ Лукас, бидејќи знае колку
тоа ги изненадува луѓето.
„Како? Не си го гледала овој филм?“, ме прашуваат. Интересно ми е колку долго нема да ги гледам“,
додаде холивудската ѕвезда.