414
Марго Роби моментално е една од најпопуларните актерки во светот, а нејзината популарност особено се зголеми по главната улога во филмот „Барби“.
Таа пред две вечери присуствуваше на премиерата на филмот Saltburn во Лос Анџелес, а на црвениот тепих се појави со својот сопруг.
Сепак, она што ги изненади сите е фактот што актерката цело време молчеше и не даваше никакви изјави. Како што се испостави, таа имала добра причина за тоа – го изгубила гласот, пренесува „Дејли мејл“.
Како што се наведува понатаму, бидејќи не можела да дава интервјуа, таа само покажала на грлото и ги кренала рамениците кон насобраните новинари, а нејзините претставници подоцна потврдиле дека Марго останала без глас поради настинка.