Mariani Mercedes-AMG GT 4-Door

од Vladimir Zorba

Германскиот тјунер Mariani подготви серија модификации за Mercedes-AMG GT 63 S 4-Door.

Автомобилот доби комплет нови тркала од 21 или 22 инчи. Во случајот на сетот од 21 инчи, предните бандажи се широки 11 инчи, а задните 12,5 инчи, каде што има гуми со ширина од 325 mm кои совршено се вклопуваат во него.

Mariani го спушти Meredes за 55 mm, но ги задржа оригиналните амортизери и системот E-Active Body Control. Сепак, тој подготви малку поагресивен заден дифузор, како и нов издувен систем и краеви на издувните цевки. Овој издувен систем е направен од висококвалитетен нерѓосувачки челик и вклучува прилагодливи клапи кои му даваат на возачот способност да ја контролира јачината на звукот.

Тјунерот исто така ги подобри перформансите, така што 4,0-литарскиот твин-турбо V8 мотор сега развива 725 КС и 950 Nm вртежен момент. Ова е значително зголемување во однос на стандардниот GT 63 4-Door кој испорачува 577 КС и 800 Nm, додека GT 63 S со 4 врати нуди 630 КС и 900 Nm.

Сепак, креацијата на Mariani е послаба во споредба со хибридниот GT 63 S E-Performance, кој развива 831 КС и 1.400 Nm вртежен момент.

Слични содржини