Маричиќ најави дебати со граѓаните, академиците и бизнисмените околу претставување на уставните измени

од Nikola Popovski
144 прегледи

Во наредниот период планирана е широка дебата околу значењето на уставните измени, со кои се предвидува внесување на бугарското малцинство, за продолжување на патот на Македонија кон членство во ЕУ. Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ

Прашањето за уставните измени е веќе отворено. Веќе правиме консултации на експертско ниво. Она што можеме да го кажеме е дека уставните измени ќе бидат актуелизирани и на дебати со граѓанските организации, академската јавноста, експерти и бизнис заедницата и во однос на содржината и во однос на политичкото значење, рече денеска Маричиќ.

Тој верува дека дебатата ќе биде вовед во институционалната дискусија и продолжение на оваа процедура во Собранието.

-Треба сите да дадат свој придонес во овој процес за успешно да започне и успешно да заврши, кажа Маричиќ на прес-конференција во Владата.

Слични содржини