Маричиќ: Нашата цел не е само членство во ЕУ, туку и уредeна и стабилна држава

од Destan Jonuzi

Процесот на скрининг и годишниот Извештај на Европската комисија се насоки и можност за правилно да ги планираме следните реформи и во кои области, треба да дадеме приоритет, напиша во објава на Фејзбук, заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Тоа сме го ветиле не само на европските партнери, туку и на граѓаните. А за тоа имаме и желба и политичка волја и капацитет. Владата е посветена на реформите, бидејќи нашата цел не е само членство во Унијата, туку уредeна и стабилна Северна Македонија, со силни демократски институции кои работат врз европски принципи и стандарди. „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!“, стои во објвата на Маричиќ.

Слични содржини