Маричиќ: Мисијата на св. Климент Охридски е наша водилка за уште поголеми достигнувања

од Stefanija Kuzmanovska

Денешниот државен и верски празник Св. Климент Охридски е безвременски синоним на македонската духовност, писменост и идентитет. Чествувањето на Св. Климент Охридски, големиот просветител и духовник, нема само национална димензија. Универзалната големина на неговото дело е од суштинска важност за севкупната европска култура, напиша на својот профил на Фејсбук вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Неговата мисија е наша водилка за уште поголеми достигнувања и промовирање на општо цивилизациските вредности за заедничко почитување, помагање и разбирање помеѓу сите народи.

Наша должност е да го почитуваме и достојно да го продолжиме делото и мисијата на Св. Климент Охридски, грижејќи се и унапредувајќи ја просветната и духовната дејност.

Вечен нека е неговиот спомен, а неговото дело аманет за идните генерации во градењето демократско, толерантно и европско општество за сите.

Нека ни е честит и за многу години празникот“, подвлече Маричиќ.

Слични содржини