Со неповратните 80 милиони евра од ЕУ заедно ја надминуваме енергетската криза, објави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Тој посочи дека Владата преку пакет мерки навремено и правилно ја насочи помошта за заштита на стандардот на граѓаните и бизнис секторот.
-Одговорното однесување и од Владата и од граѓаните даде резултати. Зимата поминува, а кризата не удри врз грбот на граѓаните. Со издвоената помош за државите од Западен Балкан, од милијарда евра, Европската Унија ја потврдува заложбата и ангажманот за регионот и дава сигнал дека сме обединети и дека Северна Македонија и регионот имаат европска перспектива, соопшти Маричиќ.
Вицепремиерот најави дека со издвоената помош за државите од Западен Балкан, од милијарда евра, Европската Унија ја потврдува заложбата и ангажманот за регионот и дава сигнал дека сме обединети и дека Северна Македонија и регионот имаат европска перспектива.