Маричиќ за уставните измени: За прв пат во историјата блокадата е во наши раце

од Nikola Popovski
190 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска истакна дека Парламентот има силна улога во процесот на преговорите со ЕУ поради европските реформи.

-Подготвени сме заедно да направиме реформски план, кој што ќе помине и ќе биде спроведувам во Собранието, но и за уставните измени и за обновување на посветеност за европските интеграции. Вистинската поддршка се покажува кога треба да се носат тешките одлуки за државата. Јас сум оптимист дека до крајот на скринингот ќе ги завршиме уставните измени. Мислам дека е незамислива ситуација во која што ние самите би се блокирале. За првпат во нашата историја, блокадата е во нашите раце. Досега била во рацете на соседите. Доколку ги направиме уставните измени, нема да има блокада и нема да зависи од никој друг и веднаш ќе биде свикана Втората меѓувладина конференција. Мислам дека сите ќе бидат на висина на задачата и да сфатат дека треба да се даде поддршка особено затоа што низ годините имаме правено и многу потешки измени од ова, рече Маричиќ како одговор на новинарско прашање запрашан за можноста уставните измени да поминат во Собрание.

Слични содржини