Маричиќ: 26 земји-членки изразиле негодување за бугарското вето

од Nikola Popovski

„Не би требало да се надеваме чудо овој пат. Јасен е правецот дека тешко ќе може да се донесе одлука за првата меѓувладина конференција“, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според него, тоа е големо разочарување за секој граѓанин на Македонија и голем неуспех на европската политика и нивната политика на Западен Балкан.

„Добро е што 26 земји-членки силно изразиле негодување за бугарското вето и испратиле порака дека е време ЕУ да испорача и да ги почнеме преговорите. Навистина има регионални импликации однесувањето на Бугарија. Ние направивме се и тоа го признаваат другите земји-членки“, додава Маричиќ.

Слични содржини