Маричиќ: Ако има согласност од останатите политички партии на следните локални избори ќе имаме една изборна единица

од Aleksandar Petrovski
201 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ на прес конференција истакна дека ако има политичка волја на следните локални избори ќе има отворени кандидатски листи.

-Моделот на прочистувањето на правосудството е ставен во владината програма но и во моето мандантно писмо. Во оваа почетна фаза веќе е јасно дека ќе работиме по принципот на проверка на имотот на обвинителите и судиите. Покрај судскиот совет во овој процес ќе учествуваат и во здруженијата на судии, претседателот на врховен суд и граѓанските организации, експерети на ЕУ, истакна Маричиќ.

-Изборниот законик се носи со апсолутно мнозинство, тој закон се носи со консензус, од СДСМ имаше определба за една изборна единица останува на волјата на останатите политички чинители. Доколку клучните партии се согласат ќе ја вградиме, ако не наредните избори локални да овозможат на советничките листи да се гласа со преференцијални гласови со сосема отворени кандидатски листи, рече Маричиќ.