Маричиќ: Ако ја вратиме довербата на граѓаните во судството значи имаме владеење на правото

од Vladimir Zorba
168 прегледи

„Една од слабите наши позиции е слабата имплементација на законите. Заживување на законите е главна задача на нашиот систем. Понатаму, важен ќе биде процесот со проветрување на судството како метод за зголемување на јавната доверба. Беше јасно уште пред да ја преземам функцијата, дека за жал, остатоци од претходниот период е недостатокот или непостоењето на заедничка политичка волја, кај власта пости јасна определба за соработка, но кај опизицијата ја нема, инаку можевме заедно да ги туркаме реформите за владеење на правото. Тоа несогласување постои, па кулминираше со Законот за јавното обвинителство и остана така до ден денес“-изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата Агенда 35 на МРТВ, наведувајќи некои од слабостите кои ги увидел во првите 100 дена од новата влада.

Маричиќ објасни дека единствен критериум дали успеале судските реформи и дали државата успеала да го воспостави принципот со владеење на правото, е ако граѓаните имаат целосна доверба во системот, и во судството, но и во институциите.

„Принципите на владеење на правото ние ги имаме вградено во Уставот на државата, и доколку не заживеат вистински на секое ниво, од секојдневието на граѓаните во контактот со инситуциите, до самото однесување на институциите, па се до високите случаи со корупција, ништо нема да направиме. Сите форми на владеење на правото се важни. Високата корупција е секогаш индикатор дали може да се справиме со случаите во кои има политчки интререс, ако може, тоа ќе биде знак дека можеме да се справиме и со големите случаи . Демократски принцип за владеење на правото е довербата кај граѓаните. Ако тие веруваат во судскиот ситем и генерално во институциите, тогаш значи добро ја вршиме работата. Кај правосудството се забележува одреден раст на довербата, дали ќе остане така ќе зависи колку посветено ќе работиме.“- заклучи Маричиќ.

Слични содржини