Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ појаснува дека нашиот процес на пристапување во ЕУ не може да заврши во краток временски период.
-Во споредба со другите држави досега, процесот не одел пократко од 4-5 години. Србија и Црна Гора веќе 10 години се во преговарачки процес и не е на повидок да биде завршен. Ние бараме веднш да ги почнеме преговорите, вели Маричиќ во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Вицепремиерот додава дека новата методологија на иницијатива на Франција е усвоена и таа дава гаранции дека тие кои се залагаат и работат на реформите ќе одат напред, а ако заостануваат ќе се враќаат назад.
-Нашето досегашно искуства кажува ека секогаш кога држава членка сакала да блокира држава кандидат, тоа и успеала на еден или друг начин. Со нова методологијата, земјите имаат поголема моќ, информира Маричиќ.