Маричиќ: Брзо ќе ги надминеме разликите и ќе ги започнеме преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
180 прегледи

Многу корисни совети, научени од долгогодишното искуство, добив од Меглена Кунева, Амбасадорка на ЕУ при Совет на Европа, за текот на преговорите со Европската Унија и предизвиците кои не чекаат во тој процес, информира вицепремиерот за економски прашања, Бојан Маричиќ.

Според него, Кунева ги споделила научените лекции од пристапниот процес на Бугарија и кажа дека тоа ќе биде најдобриот период за земјата кој ќе даде ново темпо на реформите и нова енергија на администрацијата, клучна во пристапниот процес.

-Мора да сме заедно ако сакаме да успееме, се согласивме со Амбасадорката на ЕУ Кунева, која даде силна поддршка на новиот дијалог којшто го имаме со Бугарија, со верување дека брзо ќе ги надминеме разликите и ќе ги започнеме преговорите со ЕУ, бидејќи сега е клучен момент за тоа, истакна Маричиќ и изрази благодарност за поддршката и желбата на Меглена Кунева, преку нејзиното политичко и административно искуство во овој комплексен процес, да помогне во моменти кога Секретаријатот за европски прашања е во фаза на подготовка и припрема на капацитетите на преговарачките тела.

Слични содржини