Маричиќ: До 2017 немавме ни троцифрен број на медијации, а само минатата година се започнати скоро 2000 постапки

од Берта Китинска
167 прегледи

„Од 2007 до 2016 година, не можеше да се достигне ниту троцифрен број на медијации, но од 2017 се забележува драстична разлика. Минатата година, медијаторите прикажаа 1943 предмети во регистарот за евиденција на постапки за медијација. Од оваа бројка, 65 проценти или 1275 завршиле со спогодба“ истакна министерот за првда Бојан Маричиќ на конференцијата „Медијација – за нова култура во решавањето на споровите“ организирана од Институот за европска политика.

Министерот Маричиќ истакна дека постојниот концепт на медијација како забелешка се провлекувала во прогресот за извештајот на Европската комисиај и дека со новото законско решение ќе се преближат практиките кон земјите-членки на ЕУ.

„Нотирана е потребата од јакнење на свеста за медијацијата, со оглед на тоа што примената на истата е лимитирана и треба да се работи на нејзина актуелизација и промоција. Затоа Министерството за правда подготови ново законско решение кое ќе влезе во собраниска процедура. Една од целите е приближување којн практиките на земјите-членки на ЕУ, каде во секоја ситуација на разрешување на конфликни и спорни ситуации, акцетот го става на алтернативно решавање“ потенцираше министерот Маричиќ.

Тој додаде дека мирното решавање на споровите е само едно дополнување на судскиот систем ,а не негова замена, бидејќи кога постапката за мирно решавање нема да даде одреден резултат, странките секогаш може да се вратат повторно на судска постапка.

„Медијацијата, без дилема е концепт во кој страните се чувствуваат како добитници. Како метод на алтернативно решавање на спорови медијацијата може да донесе голем број придобивки во општеството – побрзо решавање, помали трошоци за решавање на споровите, но и растеретено судство. Дополнително медијацијата нуди и доверливост на постапката, што е посебно корисно во трговските и семејните спорови“ кажа Маричиќ.

Слични содржини