Две вистини треба да се прифатат во С. Македонија и Бугарија, а тоа е дека Втората светска војна е завршена пред повеќе од 70 години, а второ дека Студената војна заврши пред повеќе од 30 години, му порачал вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на седницата на Мешовитиот парламентарен комитет меѓу Северна Македонија и ЕУ.
Маричиќ додал дека добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка се високо на агендата на Владата на Северна Македонија, бидејќи тоа е од заеднички интерес и наш и на Бугарија.
-Остануваме посветени на добра волја да ги спроведуваме билатералните договори и дополнително да ги зајакнуваме добрососедските односи, со што помалку емоции, а што повеќе факти и заеднички активности. Важно е напорите да се од двете страни на границата. Само така ќе имаме стабилно пријателство. Сè друго ќе биде разбрано како уцена, како притисок, и тоа може да раѓа фрустрација и такви изливи какви што видовме на стадионот во Скопје, посочил Маричиќ.
На обвинувањата од европратеникот Џамбаски за сепаратизам од страна на Северна Македонија, Маричиќ одговори дека ние сме држава членка на НАТО, докажан партнер и која нема на ниту ден начин посегнато по кој било сосед, туку напротив дека добрососедските односи ни се постојана тема.