Маричиќ: ЕУ има шанса да покаже лидерство и јасна политика за отворање за членството за земјите од Западниот Балкан

од Берта Китинска
191 прегледи

„Шансата за Европската Унија во овој момент е да покаже лидерство и јасна политика за земјите од Западниот Балкан, дека тие имаат иднина во ЕУ“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека сите се свесни дека тој процес не трае неколку месеци, но да се даде јасен сигнал дека во догледен период, доколку се спроведат реформите, земјите од Западен Балкан може да дојдат до членство.

„Нам ни е битно како проевропски сили на Балканот и земја која ги дели вредностите на демократија, слобода, владеење на парво и пазарна економија да добиеме шанса и да бидеме дел од ЕУ“ потенцираше Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека само така овие држави може да останат во опсегот на интерес на ЕУ.

Слични содржини