Маричиќ: Европската Зелена агенда значи зелена транзиција на нашата земја

од Берта Китинска
144 прегледи

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, по повод Светскиот ден на планетата Земја, на својот „Фејсбук” профил напиша дека Зелената агенда претставува зелена иднина и иднина на просперитет и дека сега е време да се искористи политичката волја за европските реформи и сите да се посветиме на нејзината суштина и прашањето како да постигнеме економски раст со зачувување на планетата Земја.

– Процесот на зелена транзиција несомнено е напорен, долг, системски и исклучително скап, но ова е тема која ги надминува идеологиите и мора да биде предмет на интерес на сите чинители во општеството, од централното и локално ниво на власта, преку академската заедница до бизнис заедницата. Ги имаме насоките за креирање и имплементација на политики на ниво на Европската унија, имаме политичка посветеност и на располагање алатки за финансирање кои ќе овозможат зелена транзиција на нашата земја, што мора максимално да се искористи од страна на секторските работни групи. Здрава планета Земја значи здрава иднина. Затоа грижата за неа е во рацете на сите нас. Да ја сочуваме планетата Земја и да ја оставиме здрава за генерациите кои доаѓаат, пишува Маричиќ.

Слични содржини