Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска изјави дека интензивно се разговара со бугарската страна.
-Сакаме фер решение. Сметаме дека најдобро да се заокружи процесот е со документ. Секако сме разговарале и досега, се останато е на неодреден терен. Важна е содржината кои чекори да се направат и тие да водат кон тргање на ветото, па да имаме попријателска агенда. Ние ги водиме разговорите на таа основа. После настанот во Битола има одреден застој, но комуникацијата не е прекината, рече Маричиќ во Дневникот на ТВ Сител.
Маричиќ уште еднаш повтори дека јазикот и идентитетот не се дел од преговорите.
-Во секој случај преговарачката рамка треба да помине во Собранието. Таа ќе ги содржи елементите кои ќе ги договориме со Бугарија. Не сме спремни по секоја цена да постигнеме решение. Ние од самиот старт не се врзувавме со датуми. Мислам дека во интерес и на опозицијата е решението да биде добро и одржливо, кажа Маричиќ.