Маричиќ го претстави предлог-законот за вонредна состојба пред Венецијанска комисија

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Со предлог-законот за вонредна состојба за прв пат се регулира начинот на прогласување на истата и детално се уредува начинот на прогласување на вонредната состојба, улогата на Собранието, времетраењето и правното дејство на уредбите, како и карактерот на уредбите, односно се допрецизира – што треба, а што не треба да биде предмет на владините уредби, соопшти министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Утрово тој учествуваше на сесијата на Венецијанска комисија каде го претстави предлог-законот за вонредна состојба, кој е веќе на оценување пред комисијата.

„Мислењата на Венецијанската комисија за овој и за другите закони се особено важни за нас, со цел подобрување на истите и исполнување на европските стандарди во таа област“,истакна Маричиќ.

Слични содржини