Маричиќ – Хан: Поддршка за реформите во судството и европските интеграции

од Берта Китинска
260 прегледи

Во рамки на посетата на Брисел, министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба и со еврокомесарот за финансии, Јоханес Хан, на која разговараа за реформите во правосудството и процесот на дигитализација на судовите.

Во Европската унија има подготвеност конкретно да помогнат овој процес кој ќе претставува зголемување на ефикасноста на судовите и своевиден технолошки скок. Како што е предвидено ќе се дигитализираат над 100 судови во земјата.

-Добивме поддршка за овие потфати со разгледување на можностите за поголема финансиска помош во делот на дигитализацијата и во делот на зајакнување на администрацијата на судството. Ги дискутиравме сите актуелни моменти во однос на спроведувањето на процесот на набавка на вакцините, но и за тоа како побрзо да се отворат преговорите за државите од Западен Балкан. Добивме поддршка за сите напори, добивме гаранција дека ЕК ќе продолжи со конкретна поддршка на Северна Македонија, истакна Маричиќ.

Министерот за правда истакна и дека има силна поддршка и надеж за отворање и почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, оваа година.

 

Слични содржини