Маричиќ и Гир го презентираат финалето на проект „Поддршка на реформите на правосудниот сектор“

Министерот за правда Бојан Маричиќ и шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир го презентираат финалето на проектот „Поддршка на реформите на правосудниот сектор“ кој изминативе години придонесе во натамошно спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, направи чекор кон натамошно зајакнување на независноста, ефикасноста и квалитетот на работата на судиите и обвинителите како и зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни во правосудството.

Министерот Маричиќ во своето обраќање се заблагодари за континуираната соработка и поддршка на Европската Унија, во сите важни процеси низ кои поминуваме и кои се резултат на заемните заложби за соработка и дефинирање на динамиката во процесот на обезбедување независност на судството, зголемување на ефикасноста на институциите, заштита на правата и слободите на граѓаните.

-Во текот на двегодишната имплементација Проектот понуди низа активности реализирани преку обезбедување експертска поддршка на институциите корисници, советувања за стратешко и буџетско планирање за Академијата, судовите и обвинителствата, обуки за управување во судовите и обвинителствата, работилници, состаноци, конференции, препораки како да се унапредат вештините за управување, и да се зголеми довербата на јавноста, упатства и решенија за подобрување на комуникациските канали и интероперабилноста, се со цел зајакнување на капацитети на правосудните институции и подобра примена на правото на Европската унија, кажа Маричиќ.

Министерот за осврна и на приоритетите за оваа година, односно што ќе биде во фокусот на Министерството за правда.

Слични содржини