Маричиќ: Има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се согласуваат Бугарите да бидат внесени во Уставот

од Берта Китинска
186 прегледи

Подадовме рака опозицијата да има пристап до процесот на преговориите и опозицијата да има улога. Во тек на скринингот ќе треба да определиме за колку време можеме да постигнеме одредени резултати а за тоа е битно Собранието во кое учествува и опозицијатаИма пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се согласуваат Бугарите да бидат внесени во Уставот. Ние имаме консензус за влез во ЕУ. Оттука, не е фер кон граѓаните да се блокираме самите себе, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ за СТУДИО 10.

Во однос на историските прашања со Бугарија добиваме различни пораки од владите на двете земји. Македонската влада вели дека историските прашања не се дел од преговарачката рамка, но од бугарска страна добиваме информации дека тоа е услов за влез во ЕУ.

– Услов за влез во ЕУ се добрососедските односи. Но, во преговарчката рамка не е наведено ниедно историко прашање како репер според кој ЕУ ќе нѐ цени и ќе вади бенчмаркови, оти тоа не е дел од правила на ЕУ. Тие прашања од протоколот ќе ги решаваме билатерлно со Бугарија, вели вицепремиерот за евроинтеграции.

Слични содржини