Маричиќ: Искуството кое го имаме во скрининг процесот е голема предност за нас

од Берта Китинска

Денеска во Брисел продолжува објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавјето 24, „Правда, слобода и безбедност“, на кој заменик претседателот на Владата и главен преговарач со Унијата, ицепремиерот Бојан Маричиќ рече дека македонскиот преговарачки тим од оваа област се надоврзува на претходното стекнато искуство и продолжува со новите законски регулативи, од 2019 година до денес, потенцирајќи дека ова е голема предност за нас која треба да ја искористиме и да ја валоризираме.

-На полето на борбата против организираниот криминал, Северна Македонија на оперативно ниво учествува во голем број заеднички активности со земјите-членки на ЕУ и соседните земји.

Имаме на располагање широк спектар на стратешки документи, кои се засноваат на релевантни стратегии на ЕУ во повеќе области. Во делот на борбата против тероризмот, донесен е Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам – со цел усогласување со 5 Директива за АМЛ за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари или финансирање тероризам (2018 г. /843) и ревидираните препораки на Работната група за финансиска акција.

Заедничкиот акционен план за борба против тероризмот за Западен Балкан меѓу Европската комисија и органите на Република Северна Македонија, како рамка за заедничко дејствување во борбата против тероризмот, континуирано се спроведува. Владата ја усвои Националната проценка на ризикот во март 2020 година во однос на перење пари и финансирање тероризам.

Усвоен е Национален план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратниците борци и членови на нивните семејства со учество на повеќе државни институции и општествени чинители со цел да се имплементираат утврдените приоритети во спречувањето на насилен екстремизам и радикализација, напиша вицепремиерот Маричиќ.

Слични содржини