По силните реакции на помалите политички партии и на невладините организации, министерот за правда Бојан Маричиќ најави измени на новиот Изборен законик. Тој се надева дека по летните одмори измените ќе бидат изгласани во Собранието. Порача дека прво институциите треба да ги слушнат ставови во јавноста, а дури потоа во Собранието да се изгласа финалната верзија.
-Секој има право на став. Изборниот законик е комплициран и секогаш се носел со концензус. Во моментот постои само предлог кој е потпишан од координатори на четирите најголеми партии. Верувам дека по одморите измените ќе бидат изгласани, затоа што најверојатно ќе ги има, рече Маричиќ за Канал5 ТВ.
Маричиќ информираше дека ќе се имплементираат сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Тој смета дека транспарентноста во измените на Изборниот законик биле на многу високо ниво, бидејќи Предлогот на Министерството за правда, бил консултиран и со помалите партии кои се без право на потпис.
Маричиќ порача дека не е добро да се воспостави пракса, двајцата пратеници на Левица да го блокираат целото Собрание, особено не за Изборниот законик бидејќи е потребен за спроведување на локалните избори.
-Тоа е на штета на процеост, консултациите траат неколку месеци, кога ќе има законски текст ќе биде предложен до Собранието а потоа може и да реагираат институциите доколку не е во согласност со сите препораки. За овој закон праксата е политичките партии кои имаат претставници во изборната комисија да о поднесат до Собранието, ретко се случувало Владата да поднесува закон кој се однесува на изборите иако би било легитимно да има европско знаменце но според мене подемократска постапка е да биде донесен од пратениците, а во интерес е на граѓаните и изборниот процес за да имаме избори на есен, рече Маричиќ.