291
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на скопскиот аеродром ја пречека српската премиерка Ана Брнабиќ, која денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија
-Ѝ посакав добредојде на српската премиерка Ана Брнабиќ и изразив големо задоволство за нејзината посета на Скопје. Во време на предизвици со кои се соочува Европа и регионот, имаме актуелни теми за разговор поврзани со напредокот во евроинтеграциите на двете пријателски земји, меѓусебната соработка и околу подготовките и активностите на Самитот на „Отворен Балкан“, кои ќе ги отвориме на состанокот заедно со премиерот, напиша на својот Фејсбук профил Маричиќ.