Маричиќ: Како човек и родител не можам да бидам рамнодушен на условната казна за тешката сообраќајка во Охрид

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бојан Маричиќ објави дека „не може да биде рамнодушен“ по одлуката на судот во Охрид, кој пресуди условна казна за сообраќајката во градот по која две момчиња починаа, а три девојки беа тешко повредени.

-Како министер за правда, но пред се како човек и родител не можам да бидам рамнодушен по одлуката на судот. Очекувам праведна одлука на повисоките судови, а Судскиот совет будно да го следи целиот случај, потенцира Маричиќ.

Во сообраќајката која се случи лани на магистралниот пат Охрид – Свети Наум, кај клучката за излез кон хотелот ,,Инекс” почина 27-годишниот Иван од Битола. По еден месец борба за живот поради тешките повреди, почина и неговиот другар Милан.

Eдна од трите девојки кои беа дел од кобната сообраќајкa, се огласи на социјалните мрежи по повод одлуката на судот. Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

Слични содржини