Министер за правда, Бојан Маричиќ во своето гостување во телевизијата ТВ Стар, посочи дека далеку од вистината е дека бил тортуриран, Камчев има третман како другите притвореници.
„Управата за извршување санкции се грижи сите притвореници да имаат услови за живот, според меѓународни правила и со почитување на човековите права. Во неколку наврати оваа институција излезе јавно да потврди дека Камчев има идентичен третман како и сите други притвореници.На почетокот, кога бил во изолација имал одредени проблеми, но тие веднаш се надминати. Значи, сите права кои им следат на притворениците му следуваат и на Камчев. Далеку од вистината е дека имало тортура врз некого. На сите барања на притворениците во врска со заштита на здравјето навремено се одговара и секој ја добива услугата.“- изјави Маричиќ.