Маричиќ: Ќе отвориме дијалог со сите партии и пратеници дали се за продолжување на европскиот пат

од Берта Китинска
116 прегледи

Паралелно со процесот на скрининг во тој период има можност и обврска да се заврши дополнувањето на Уставот со додавање на некои заедници, Хрватите, Црногорците, меѓу кои и Бугарите во Преамбулата и во уште една точка во Уставот, каде што се споменуваат сите поименично, вели заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во денешното гостување во вестите на „Канал5“.

-Од наш аспект содржински нема никаква пречка тоа да се направи, мислам дека нашиот концепт на Уставот и нашиот амбиент секогаш бил инклузивен за сите заедници. Ние ќе отвориме дијалог со сите политички партии, како Влада, но и со сите пратеници. Сметаме дека ќе има можност пратениците да се определат јасно дали се за продолжување на европскиот пат, дали се за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Или пак се за застој, враќање назад и отстапување од тој пат, рече вицепремиерот Маричиќ.

Слични содржини