Маричиќ: Ќе се дигитализираат над 100 судови со помош од ЕУ и странски донатори

од Nikola Popovski
217 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ во Брисел се сретна со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија Илхан Ќучук. На средбата се разговараше за состојбите во земјата, а во фокусот беше владеењето на правото и и реформите во судството.

 

Дополнително во пресрет на утрешното гласање во Европскиот парламент на резолуцијата за Северна Македонија се зборуваше за владеењето на правото и постигнатиот напредок во правосудството и борбата против корупцијата.

 

Маричиќ го информираше Ќучук за измените на законите кој ќе овозможат воведување на онлајн судење во земјата. Во таа насока државата ќе добие помош од Европската Унија и други странски донатори. Засега е предвидено целосно да бидат дигитализирани над 100 судови, а интенцијата е бројот дополнително да се зголеми.

 

На средбата се разговараше и за претстојниот попис и дека спроведувањето на истиот е според сите светски стандарди, за што говори и потврдата од ЕВРОСТАТ.

Слични содржини