Маричиќ: Клучот за решение е на релација Скопје-Софија

од Берта Китинска
161 прегледи

Лекцијата дека никој не може да ни вети датум, сме ја научиле повеќепати во претходниот период, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во врска со изјавата на потпретседател на Еврокомисијата, Жосеп Борел кој кажа дека не може да вети датум за почеток на преговори.

-Клучот за решавање е на релација Скопје-Софија, а Брисел и државите членки на ЕУ можат само да помогнат и да дадат поддршка на тој процес. Токму затоа откако беше формирана новата Влада сме во интензивна комуникација со Бугарија и токму затоа во јавноста никогаш не сме кажале некаков датум и не сме се врзале за временски период, затоа што знаеме колку е тоа неблагодарно и затоа што знаеме дека изминатите две-три години тоа не ни помогна. Затоа мислам дека нашата посветеност на суштинскиот процес и на тоа како поскоро да дојдеме до решение е многу поважна отколку врзување со датум, а во наш интерес би било тоа да се случи што поскоро, истакна Маричиќ.

Слични содржини