Маричиќ: „Крупните риби“ во правосудството ќе се соочат со законот

од Aleksandar Petrovski
393 прегледи

„Да не се очекува декa ние ќе правиме ревизија на сите случаи кои имаат грешка. Нашата цел е да се зголеми нивото на редовност и отечност во носењето на судските одлуки. Само на овој начин ќе го кренеме стандардот“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

-Во случаите на корупција на судиите, имавме видливи ситуации на висока корупција кои експресно беа решени, јас овде го гледам граѓанскиот интерес и интересот на правдата. Крупните риби да може да се соочат со законот. На иста страна сме со граѓаните кои ја бараат правдата. Добра е идејата да се собере група која ќе ги анализира постапките на судиите и да видиме каде е проблемот кај судиите, полицијата или законската постапка“, вели Маричиќ.

Слични содржини