Маричиќ: Лекциите од минатото се научени, македонската иднина е европска

од Берта Китинска
343 прегледи

Нов ден, нова надеж, научени лекции и иста цел. Вчерашниот неуспех на ретроградните сили да ја урнат Владата е само дополнителна обврска за нас, да продолжиме во битката за нашата европска иднина, напиша денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, на неговиот фејсбук статус.

Од денеска, вели тој, целата енергија ќе ја насочиме кон решавање на проблемите кои ќе ја однесат нашата земја на повисоко ниво, европско ниво, каде придобивките нема да ги ползуваат политичките елити, туку граѓаните.

„Убеден сум дека во тоа ќе успееме. Лекциите од минатото се научени, а македонската иднина е европска и никој не е посилен од таа наша историска цел“, напиша Маричиќ.

Слични содржини