Маричиќ-Менгини: Новиот Закон за потекло на имот ќе се испрати на мислење до Венецијанската комисија

од Берта Китинска
131 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ во рамките на својата работна посета на Стразбур оствари средба со првите луѓе на Венецијанската комисија. На состанокот со секретарката на комисија Симона Граната-Менгини беше повторено дека мислењата кои ги дава Венецијанската комисија се од исклучително големо значење за земјата со цел на подобрување на текстот на законите.

По средбата, Маричиќ кажа дека неколку нови закони ќе бидат испратени на мислење до комисија.

-Имавме многу важна средба со претставниците на Венецијанската комисија на која разговаравме за законите кои веќе се испратени до нив на мислење, но и за оние кои наскоро ќе ги пратиме, како што е Законот за потекло на имот, но и Кривичнот законик и Законот за кривична постапка. Нивното мислење многу ни значи со цел да направиме подобри и поквалитетни закони, изјави Маричиќ.

Слични содржини