Маричиќ: Минималната плата е поголема за 60%, а просечната е блиску до 500 евра

од Nikola Popovski
180 прегледи

Граѓаните го препознаа тоа и ни ја дадоа поддршката на сите избори досега, тоа е голема одговорност, но ние не бегаме од одговорноста, СДСМ е сигурната опција за граѓаните, опција која нуди решенија, изјавил на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Гевгелија секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.

-Во 2017 презедовме држава изолирана, згазена и опљачкана, посочи Маричиќ, а четири години подоцна сме членка на НАТО, минимална плата е поголема за 60%, просечна плата е блиску до 500 евра.

Дали пред четири години важеше законот еднакво за сите, дали живееме во праведна држава, не, во тоа време живееме во заробена држава, во режим, во ситуација во која половина од граѓаните не ги чувствуваа институциите за свои, а сега и локалните и централните институции се отворени подеднакво за секого и тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ не може да го прости, нагласил Маричиќ.

Слични содржини