Маричиќ: Мицкоски не може да формира ново парламентарно мнозинство

од Nikola Popovski
893 прегледи

Владата има уште 3 години мандат, кои што ќе ги искористи, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „Трилинг“.

Според него, владата имаше тешки 4,5 години во кои што се решаваа крупни прашања, кои што не беа популарни.

-Го решивме проблемот со Грција, влеговме во НАТО, го потпишавме Договорот со Бугарија, но го имаме и спорот, а тука беше и ковид-кризата, потенцира Маричиќ.

Tој смета дека има две опции после изборите во недела.

-Едната е да остане сегашното мнозинство од 62 пратеници и да продолжи со програмата и работа, а другата опција е да се засили владеачкото мнозинство со други пратеници во Собранието, за да некои процеси течат полесно, затоа што е во интерес на граѓаните, рече Маричиќ и појаснува дека не верува дека Мицкоски ќе направи ново парламентарно мнозинство.

-Не ми се чини дека е реално, особено затоа што точката на спојување на партиите во опозиција е само желбата за власт. Како Мицкоски ќе води европска политика во коалиција со Левица, кога таа се залага за расчленување од НАТО и прекинување на дипломатските односи со Израел, вели министерот за правда.

Слични содржини