Маричиќ: Mногу работи се направија за овие 4 години и не придвижија од „заробена држава“

од Берта Китинска
245 прегледи

Во делот на судвото е забележан голем напредок според Извештаите на ЕК , вели министерот за правда Бојан Маричиќ, во Студио 10 на ТВ24.

-Извештаите на ЕК за напредокот на Македонија се реални, во делот на судство има голем напредок,Имаме средна оценка,  тоа значи умерено подготвен. Јавниот сервис не е чепнат затоа што има премногу критични околности. Се продолжија случаите на СЈО, има многу работи кои се направија за овие 4 години кои не придвижија од „заробена држава“. Не треба да заборавиме дека година ипол се занимаваме со ублажување на ковид последиците. Реален е извештајот, факт е дека е добро што опозицијата е во Собранието, вели Маричиќ.

Слични содржини