Покрај поранешниот премиер Зоран Заев, на конгресот на СИРИЗА во Атина, присуствувал и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Според него, Сириза и СДСМ како сестрински партии со храбри одлуки и преку солидарност, прогресивни политики и искрено пријателство го вратија духот на соработката во Југоисточна Европа и на Западен Балкан.
Маричиќ потенцира дека подадената рака на помирување на двете држави и народи, денес значи силно сојузништво во НАТО, 100% поддршка на нашата земја на европскиот пат и меѓусебна почит.
-Договорот од Преспа е симбол на храбри и прогресивни државнички политики кои обезбедија стабилност, развој и прогрес, за нас и генерациите кои доаѓаат. Подобрата иднина ја носат партиите од левицата и од социјал-демократското политичко семејство, објави Маричиќ од Атина.
Покрај него, на конгресот присутни се и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, како и потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска.