237
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на онлајн трибината “Молкот не е решение” во организација на Форумот на жени на СДСМ, истакна дека насилството врз жените никако не смее да се претставува како каква било форма на култура или изговор за култура на живеење, или пак некаква во наводници традиција бидејќи тоа често се употребува и пред нашиот правен систем и пред судовите , туку дека тоа претставува диектна груба повреда на човековите права и дискриминација која несразмерно ги погодува жените.
Маричиќ подвлече дека СДСМ како предводник на владата и парламентарното мнозиство во овие три години покажува силна посветеност во унапредување на статусот на жената, особено преку зајакнување на правната рамка за заштита на жртвите и санкционирање на сторителите на родово-базирано насилство.
„Во постапка на изработка се измените на Кривичниот законик во којшто ќе ги вградиме стандардите на Истанбулската конвенција, во текстот на Кривичниот законик предвидуваме нови членови за полов напад, полово вознемирување и демнење кои досега ги немаше, а се предвидуваат и измени и на многу одредби како убиство, убиство на миг, присилба, силување”, посочи Маричиќ додавајќи дека се подготвува законско решение со кое жените кои се жртви на родово базираното насилство ќе добијат дополнителна заштита и право на паричен надомест.
Маричиќ истакна дека жртвите на семејно насилство имаат право на бесплатна правна помош и правна заштита со цел еднаков пристап до правдата на жените жртви на семејсно насилство и посочи дека сите закони, па и новодонесените можат да донесат резултат само преку нивно соодветно спроведување.