Маричиќ: Не сме се откажале од битката да воспоставиме систем во кој правдата ќе се испорачува

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Министерот за правда, Бојан Маричиќ за ТВ 24 изјави „дека правдата стасува етапно“. Според него, не може да се каже дека се е исто и непроменето и дека има крупни случаи кои се отворени и затворени, како и дека двајца министри за внатрешни работи се осудени на затворски казни и имаме осуден премиер во бегство.

– Некои стари болки во судството се останати, но не сме се откажале од таа битка да донесеме, да воспоставиме систем во кој правдата ќе се испорачува, рече Маричиќ.

Потенцираше дека единствена амнестија што постоела е онаа законска, донесена во 2018 година која ја донело Собранието и дека нема тајни амнестии.

Слични содржини