Маричиќ: Нема никаква привилегија ниту пак прашувавме со која вакцина ќе се вакцинираме

од Берта Китинска
278 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ  по вакцинацијата рече дека тие немале привилегија што денеска се вакцинираат Фајзер бидејќи минатата недела другите членови на Владата се вакцинирале Синофарм.

-Минатата недела се вакцинираа со Синофарм, идната веројатно со некоја друга вакцина. Така што  нема никаква привилегија во таа смисла ниту пак се информиравме, ниту пак прашувавме со која вакцина ќе се вакцинираме. Стратегијата или ставот на Владата е како и сите други граѓани кога ќе дојдеме на ред која вакцина ќе дојде со таа ќе се вакцинираме. И во таа смисла не сме на ниту еден начин посебно третирани, посебно од сите останати коишто денес се вакцинираат во центарот „Борис Трајковски“, нагласи Маричиќ.

Слични содржини